спогодува (несв.)
Немаше смисла потаму да се спогодуваме и јас се согласив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И тука, во кафето се спогодуваа беговите; си продаваа еден на друг волови, коњи, крави па и луѓе од своите чифлизи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
За секого везирот докладуваше: – Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сметајќи се за „страна“ спрема антиегзархистите, кои што биле и водачи на Револуционерната организација, егзархистите првин побарале половината од составот на ЦК на Организацијата да биде пополнет од нивни луѓе, за да можат да се спогодуваат како две страни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Се спогодуваме како Онисифор Проказник веќе да загинал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)