спомен-плоча (ж.)
Едно од нив кое заслужува посебно внимание според својата едноставност и логичност е правилото дека со цртичка се поврзуваат две именки од кои едната ја објаснува другата тогаш кога членот се јавува кај втората (спомен-плоча), во спротивно не се поврзуваат со цртичка (земја членка).
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
На куќата стои спомен-плоча во знак на сеќавање на времето кога таму е донесена одлуката за пукањето на првата пушка во Македонија на 11 Октомври 1941 година.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)