спомне (св.)
Ќе ми се падне еднаш да зборувам за рамноправноста меѓу мажот и жената и, само што го спомнав зборот рамноправност, стана еден човек и свика: — Сѐ, сѐ, само тоа не!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Броев и видов дека двапати го спомна, вели.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Впрочем јас воопшто не ѝ пријдов на девојката што ја спомнав.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога ќе си спомнеше на вечноста најмалото пердувче му затреперуваше од среќа и тогаш белиот какаду ќе крикнеше бело среде ливадата на самоубиственото молчење.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Еден ден седевме во мојот дом со Менаџерот и дискутиравме за моите престоечки настапи. Тој ми спомна дека во некоја мала земја Македонија во католичката црква набавиле оргули што дотогаш ги немале и бискупот преку мојот менаџер ми се обратил мене.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Би сакале уште да спомнеме дека не ја сметаме оваа студија за завршена целина која нема потреба од евентуални подобрувања.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Трајанка сега си спомни за сето тоа и затоа и таа почна да плаче како и секогаш кога мајка ѝ ќе седнеше крај ковчегот и со зетовските чорапи во кои беше парата ќе почнеше да ѝ раскажува за нејзиниот добар татко.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Како пример може да се спомне неологизмот како сложенка фрижидер, на новотурски buzdolabi, според buz (мраз) и dolabi (креденец).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На книже се запишуваа само умрените за да ги спомне попот во молитвата на гробишта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Наеднаш почувствував дека таква храна не сум јадела одамна и си спомнав за дома.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во врска со кршењето и намалувањето на работничките права вреди да се спомне и тоа дека овие две појави не се со ѕид одвоени една од друга.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Некој спомна дека некогаш пред илјада години за таква болест гореле живи кучиња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секој да си спомни по една стихотворба што ја учевме од учителот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А потоа ми спомнавте дека меѓу нас отпаѓаат сите земања и давања.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури по многуте нејзини лелекања што ги избегнував тргајќи ја слушалката од увото, разговорот фати нормален тек, поточно Роза спомна дека денес би можела истовремено да плаче и да се смее бидејќи во овој момент ѝ се причинувало оти животот ѝ се движел на патерици!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
О колку се стаписуваше кога ќе му ја спомнев чашката!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не го спомна дури ни како можна претпоставка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа беше време кога човек не смееше и да му го спомне името на Сталина, а камоли да помисли некој да оди до него.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)