спотне (св.)
Бавно се извлече од леглото. Го спотна огнот. Стави врз него дебел дабов трупец, да држи жар.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сред поле долапот се врти сал се врти се цеди од него водата се истура и шурка и сонот блика по земјата што 'рти додека човекот спотнат кон небото го турка.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ги спрегна и ги спотна низ најнепознатите предели на далечниот свет.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Одозгора потпалувањето обично почнува со спотнат галеж веѓа на веѓа а одоздола, секогаш и без исклучок со нежен скокот на малото прсте на левата нога.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ноќта му студеше. Неколкупати стануваше да го спотне огнот и да се грее.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Брзајќи биволите спотнаа. Сѐ уште така крцкот се слуша по ридје.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Добро задишен и спотнат тој се најде најпосле пред вратничето од лозјето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Пред да тргне кон плевната, каде што се слушаше блеењето на овците и мукањето на кравите, уште еднаш влезе во колибата, ги спотна гламњите во огништето и стави една цепеница врз нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Го пособравме, го поспотнавме и пламенот одново се крена, се развали.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го спотна оганот, се навали на перницата: — Е! Сполај му на господ: и вој ден помина, Еден по еден, ама нам ни се бележат на ќитапот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Спотнал денот врз каменот дур пладнето распукува од кружна имела.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
На човеков му требаше многу, многу борина за да спотни поубаво гламната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Подоцна тој заклучи дека знаците за кои тој уште не беше свесен спотнаа некоја соодветна сила во него која толку многу се раздвижи што тој мораше да стане свесен за нив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тогаш оние придојдените и оние што не стигнаа да се напикат во некоја отворена уста на црните вагони, си ги задскрија тупаниците од зад грб и назадечки го отвораа кругот околу вагонот со скриена мисла во главите дека уште веднаш треба да се спотнат огновите за да не ги угасне денот и сонцето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во мигот го слуша гласот на Богородица која го моли деверот да не излегува по вакво време, а тој дека оди да земе нешто од она што го исфрла Дине, за да го спотнел огнот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)