спрашти (св.)
Ако не ја спраштеше да си оди дома.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Со трчање ја спраштив кон железничката станица.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој прво се скочани, сосема тептисан, кога се најдоа лице в лице, а потоа на оној парталав створ му беа потребни само неколку мига за да ја спрашти во пепелници по трагата надолу.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој стана, го грабна фесот и јуначки ја спрашти да бега.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Веројатно тоа им беше фин начин да спраштат од некој час.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Ме интересираше да ја завршам работата да ги земам парите и да ја спраштам на шопинг во град.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тој се заврте кон Луција, завергла со клучот и со силна гас спрашти кон патот; ќе го искршеше џипот од брзина по дупките; излезе од споредниот на главниот пат и спрашти кон Велес.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас, фала богу, си ја покрив главата со штипките и спраштив рикверц, зашто ние од нашата сорта можеме да одиме нанапред и кога се движиме рикверц.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ги спотерав овците на кај селото, палтото го обесив на една врба и му ја спраштив во шумата, кај партизаните.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
По мравките дојдоа ветрови; налетуваа, како луди коњаници му ја зашеметија главата на езерото, го збрлавија; потоа се нафрлија на селото, ги однесоа сламените покриви од плевните, ги кренаа послабите чатии и оџаци на куќите, ги орезија вратите, прозорците, ги испокршија дрвјата и спраштија некаде.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И, гледајќи ги нив со чашите в рака и тие, со дрвените цокули, решив и му ја спраштив во слободата, та неа, кутрата, си мислев ќе ја најдам во планињето што немаат крај, во висините до под небо, во далнините и во шумите зелени и ширни, во видикот до кај што ти око гледа....
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се спушти главачки по таа удолница, како да се откачил од нешто, што дотогаш го држело врзан, ја спрашти меѓу сеништата на белите дрвја, блед и поткасан сам и совладан, и сега се тркалаше по таа удолница, немајќи смелост ни да се обѕрне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— Да дојдам, велам, и се очекорувам на седиштето зад него. Ја спраштивме, запрашивме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Очајот го натерал да отиде во казино и да ги спрашти парите со кои требаше да се поткрепиме додека да ја земам првата плата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Волкот ја свитка опашката меѓу колковите и ја спрашти со едни ветерничави, троноги скокови надолу, сиот со некаква леснина на сенка, во онаа магличава сивина меѓу стеблата, одвлекувајќи си ја по себе и својата здробена нога, запната само за едно парче кожа и за некоја бела жила, што му се отфрлаше во трчањето, чиниш некој ненужен, прикачен дел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сеизот, кога ги виде вооружените комити, се уплаши, веднаш скокна од коњот, ја фрли пушката и ја спрашти да бега по патот кон Струмица.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ливајн се качи до Даглас во еден од батаљонските џипови и тие спраштија.
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон