спреченост (ж.)
Голи, стимулирани со афродизијак, збунети од постојаното набљудување и спреченоста да се олабават со мастурбирање (ерекцијата во сон автоматски вклучува огромна електрична зујалица чии вибрации го исфрлаат субјектот од креветот точно во смрзната вода, со што случаите на водени сништа се сведуваат на минимум).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Математичарите, кои и самите се пагани, сепак им веруваат на ’паганските басни’ и изведуваат заклучоци, не толку поради дупките во сеќавањето, колку поради некоја непресметлива спреченост на умот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Наместо дотогашното пресметување на пензиската основа за овие периоди врз основа на платите на засегнатите лица пред настапувањето на невработеноста, привремената спреченост од работа, отсуството од работа, односно инвалидноста, со усвоените измени определувањето на пензиската основа за овие периоди ќе се врши врз основа на соодветните парични надоместоци (чл. 2-4, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Директорот на установата има заменик кој го заменува во случај на негова спреченост или отсутност и го застапува во работите што тој ќе ги определи (чл. 33, ЗИС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со таа разлика што сега промените не се однесуваат само на пресметувањето на пензиската основа при добивањето паричен надо- месток во случај на невработеност, туку го опфатија и надоместокот на плата во случај на привремена спреченост од работа поради болест и повреда, отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство или професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)