спружи св.

спружи (св.)

Богословот му подаде четири фотографии и ги спружи јаките нозе задоволно замижувајќи кон сонцето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Едно од дваесетте приградски гратчиња беше спружено како ѓердан покрај периферниот приградски автопат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја спружив кон Турците и сите тројца ги турнав од чикмето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Гумениот душек беше надвор, како и платнените креветчиња спружени среде оној карактеристичен мирис на блиското есенско согорување на билките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И само што првите двајца стапнаа врз мостот, штицата попушти, плесна силно во водата и тие се спружија во реката со целата својата должина.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Чекорел во редот на дружината пред својата запрега, потоа легнал на двоколката, се спружил отпуштен и ја завлекол едната рака во сламата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако помина поштарот, некаде кој единаесет часот претпладне, кога селската продавница вообичаено е затворена и пред неа нема никого, авторот пак дојде тука да поседи сам на талпата спружена за клупа пред продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја спружив колку што беше долга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се спружам на студените плочи, ќе станам виножито на замрзнат смок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нема творец, создавач на уметничко дело што не ја спружил својата гордост, својата машкост пред очите на музата, на вдахновението.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Одеднаш чудовиштето крена две пипалки, ги спружи накај нив и ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Некои жени ме запираат, ме прашуваат нешто, ама јас не ги слушам. Им бегам. Се враќам да ги доспружам алиштата на драгот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се спружи во ладнината и во сеќавањето остана само белината на плочите, издолжениот врат на камилата и кротката влага во нејасните очи, палмата, трома и висока, а под неа камената зграда, исушена од врелиот здив на тропикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Утредента кога се разбудив, го видов како спие спружен на каучот во дневната соба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Занесена во него - сѐ додека како сронат листец не се спружи врз студената трева.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Потем го отвори прозорецот и ја спружи дланката на којашто спокојно лежеа двете листенца.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Далеку назад останаа нивите и оризиштата а пред нив се спружи темно–зелено поле, како бескрајна нива, прошарена тек–тук со понекоја ретка врба.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И ни даде човекот, со снебивање ни даде. И зедовме, ги засукавме ракавите, му исправме и му ги спруживме алиштата да се сушат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговата подлактица, што беше без влакна и несмасна, се спружи преку полираниот махагони и со раката што беше искасана од пчели ја стави чашата под носот на Даниел, Даниел го истури вискито в уста и со јасно и заповедничко чкрипење ја стави празната чаша на масата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе