среќа (ж.)
Татко стана вистински заробеник на оваа повеќезначна мисла на белогардејскиот руски научник кого, сигурно спасувајќи се од сталинистичките логори во Сибир, среќата го донесе крај Езерото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Некои градат среќа унесреќувајќи други.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
ЌЕ ИЗГРАДАМ ГРАДИНИ И ШАДРВАНИ И ОД МАЛИТЕ МОМЕНТИ НА СРЕЌА ЌЕ НАПРАВАМ ВЕЧНОСТ СО НАСМЕВКА ПОГОЛЕМА ОД ЖИВОТОТ
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сите жени на светот со добра среќа ги поздравуваат првите штркови, зашто им носат љубов и среќа!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Со многу среќа и многу вешто проникнувањето во мрежата на оваа светска тајна, можеш да се испресукаш низ “иглените уши“ преку кои се влегува во палатава.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Немаше друг со кого можев да ја споделам радоста од таа мала дипломатска среќа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За среќа, постојат демократски модели, реформи кои можеме да ги спроведеме.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа е јасен доказ оти нејзината среќа не зависела само од Србија и Бугарија и оти високите планини што ги заобилколуваат македонските котлини уште не се таква опасност за заедничкиот политички живот кај нивните жители.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Пријатно е да ја имаш среќата за прислужничка Додека ти ја отвора розовата врата на утрото И ти го принесува на прекрасно дизајниран тас Долго очекуваното изненадување.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Кога ќе си спомнеше на вечноста најмалото пердувче му затреперуваше од среќа и тогаш белиот какаду ќе крикнеше бело среде ливадата на самоубиственото молчење.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Имав среќа да видам и еден документарен филм од Првата светска војна во кој имаше инсерти и за некогашно Скопје.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Среќа дека помеѓу жените нема толку многу кодоши, како помеѓу нас, мажите, ја пофали тој и ја погали по образот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Среќа и за нас и за Турција е што меѓу Бугарија и Србија немаше никакво согласување по македонското прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Никогаш не сум ја видела понаблиску среќата и болката, што се вели, никогаш толку едно до друго застанати. 11.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
За среќа беше темно и никој не можеше да забележи дека вратата од Малчовата куќа беше од злато.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Да, отиде да им го чита писмото на други, небаре тоа среќа им носи... Дедо Мраз, ебаго...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пред Божик, зад Божик црвеното било среќа и затоа момите се возеле со црвени колички низ градот со полни усти црвени дренки од фрижидерите за длабоко замрзнување.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Среќата се живее само на почек додека безочните и неа не ја згазат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)