срка (несв.)
По цел пат да ми е и благо и тажно и лесно и мачно, небаре на гладно срце да сум сркала мед од диво улиште.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зар не виде како се џарам околу себе додека ја враќав теглата во празнината на ѕидот и додека ја спуштав лажицата во каленицата од која минатата ноќ сркав надробен леб во толчен лук со оцет и вода.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И после пак ќе почне да се искачува и од златна лажица ќе срка, беше ми ти рекол.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама замолкна и долго молчеше, сркајќи ја попарата со чај и препечен леб што баба ми му ја принесе.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Рацете предавници се притаени медузи и не се стиснати со грст да се срка од нив водопадот на небото.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сркаат од лименката, подавајќи си ја лажицата и, кршејќи го парчето пченкарник, ги собираат во шепата трошките или ги ронат во лименката.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ама јас го сетив уште на ручекот: сркаме маштеница, го квасиме лебот полесно да се џвака.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не беше лето и не седев на верандата на стар конак, каде комарците се забиваат во будноста, сркајќи ја слатко запурнината.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба, кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Насредина на нивата глинена чинија. Во неа има само толчен лук, сол и вода, а жетварите сркаат од неа, мешајќи ја таа таинствена течна храна со црн пченичен леб, за да ја победат жегата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оние кои еднаш сркале попара заради нешто што во час на невнимание го рекле, цел век потоа си го кршат вратот, се правдаше Крсте Манев.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ниту едниот од нив не го крена погледот; продолжија да сркаат од водникавото јадење и меѓу сркнувањата ги разменуваа неколкуте неопходни зборови со тивок безизразен глас.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Трчаш како без глава кон кујната и за неколку минути сркаш од топлата манџа, сркаш, та ушите ти пукаат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мајсторите почнаа да сркаат. Со нив седна да ужина и Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Го срка кафето со израз на задоволство – од тивките милувки на сонцето по тилот и топлата црна течност низ грлото.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Озгора идат команди, а ние уште го сркаме бакрданикот. Со маштеница го сркаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Сепак да сркаш и кркаш чорба од реката, всушност, мислам водата треба да е еколошки чиста.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Повеќе да сркаат грав. А ако сркаат повеќе грав, пак ги удираш по рака: - Јадете и од лебот, ќе им велам, што сте се навртиле само на гравот, ќе им велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ама за солта нема како. Солта не се сади, не се бере, а не можеш да ја прескокнеш. А ја прескокаш, сркаш бунгури, јадеш леб глекав.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)