сталинизам м.

сталинизам (м.)

Да живее сталинизмот, непресушен извор на комунизмот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сакаше да го види исходот на сталинизмот и во блиската родна земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сталинизмот речиси во самиот пејзаж на албанскиот дел ја беше идеологизирал и самата природа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во свеста ми изронуваше распоредот на татковите книги, битката на светите книги со делата на сталинизмот во неговата библиотека.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Почнувајќи од 1917 година, по Октомвриската револуција атеизмот добива нови облици и импулси од силното влијание на марксистичко-ленинистичката идеологија за конечно во периодот на сталинизмот да дојде до силни репресии на клерот, урнување верски објекти и нивна пренамена, како и создавање први атеистички музеи во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше време на една од последните екстази на сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Диктаторот си остана диктатор, затворен во идеолошкиот лавиринт на сталинизмот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како се бранеа татковите книги при живе и потоа, посебно светите книги, посебно во времето на сталинизмот би можело да се напише посебна историја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За душата уште се зборуваше во нашето бегалско семејство, а тоа често се случуваше, кога денот ќе осамнеше со абер од другата страна на границата, кој најчесто, ако не и секогаш, во тоа клето време на сталинизмот значеше исчезнување на близок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По падот на сталинизмот и комунизмот во Албанија, името на чичко се најде на првите страници на листата на мачениците, беше постхумно одликуван и славен...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мислевме дека засекогаш сме се ослободиле од сталинизмот, но тој беше уште долго, долго во нас, кај некои и не се искорени никогаш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој можеше добро да оцени и да предвиди што би можело да ја чека Мајка во земјата на живиот сталинизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неговите претчувства како да се исполнуваа. Таму, сталинизмот се накалеми врз погодна почва.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
XXI Судбината мигум уште еднаш ме врати во свеста кон отворената врата на татковата библиотека, кон местото каде што се чуваа светите книги, а меѓу нив вметнатите брошури расправи за марсизмот, ленинизмот и сталинизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во времето на дејствието на романот владее сталинизмот, идеологија преку која се настојува козарите кои живееле во блиските планини да ги трансформира во работничка класа, но главниот проблем биле козите донесени со козарите во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таму, да не се грмеше постојано од Федерацијата и од Водачот, сталинизмот сигурно ќе продолжеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги гледав моите сопатници, во лажно срдечна прегратка со сталинизмот, како ми намигнуваат со јасна порака дека нивниот овдешен однос сигурно нема да има никакво значење на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Цветан Горски херојски се бореше, уште од првите дни на сталинизмот, да ја спаси колекцијата на животот на Езерото на својот учител, морален татко, во времето кога пајажината на сталинизмот го зафаќаше Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
О, колку бевме среќни што сепак дојде до прекин со Сталина, а и сталинизмот не се доразви во нашата земја онака како во соседните сталинистички земји.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе