стегнува несв.
стегнување ср.

стегнува (несв.)

Беа секогаш оние северни ведрини, од кои мразот преку ноќта се стегнува како кремен, за некаде веднаш попладне само штом ќе почнат да капат капавиците, а веќе светлооката острина на цибрината ги маѓепсува со погледот на своите бели ѕвезди, и само мранзулите по стреата и по ветките ќе стасаат да пораснат надолу уште за една педа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој се оптегнува, го забодува лактот лактот и раката го стегнува длетото.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така сѐ уште во ушите на Фимка одѕвонуваат мајкините лелеци... Срцето се стегнува во грч...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Испрекинато липање стегнува грло. Стежнува болката, гори и копа та раскопува споменот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но кругот се затвора и мајката само поцврсто го стегнува своето девојче. Таа малце премислува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Постојано додавајќи вода и плева, оваа, плевава, ги стегнува и има дава цврстина на лепешките, постојано газејќи ги и со мотики претурувајќи ги од едно на друго место, од купот лепешки правеа еднородна маса, која, после, лесно можеше да се тутка и да се лепи под стреите, спроти сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од тоа, од сапунчето, од водата, од мирудиите и од триењето, нивното бело месо стануваше миризливо, младо, се стегнуваше некако, па крцкаше и се лизгаше низ прстите на мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако некоја од жените се подналутеше, ако се скиселеше кога ќе ја удреа по газот, и ако во тој миг ги стегнеше усните на устата, тогаш и устинките на дундата се стегнуваа како некој да ѝ ставил стипца меѓу нозете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За поздрав, таа му ги фрла на авторот двете раце врз рамената, ги стегнува своите тврди дојки врз неговите гради, го погледнува со сочна искричавост во очите, се поткрева на прсти и сочно го бацува во уста.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Гнојот од чиревите, целата крв, се размачкува, ѝ се растекува... гровта уште посилно од тато... ја стегнувам... се грчи... силна е...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Атентаторе мој! Плашливо мое! - и тој пак го стегнуваше во силно гушнување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во грч стегнува вилици.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Добичињата начулија уши, жените брзешкум бришат натежнати солзи, се прибираат, а тие кои се задолжени за добитокот, ги товараат, а другите стегнуваат ремење на рамо и половина за да се држат поцврсто сандаците и вреќите на нивните плеќи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Сме стигнале до тротоарот. Слушај ги стапките токму над нашите глави, - вели Арсо и ја стегнува силно раката на Павле.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но сепак ги стегнува вилиците да не го испушти крикот затнат во грлото.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)