стереотипен (прид.)
Најмалку што сакав е да го работам она што ретко кој го признава за вредно во овој стереотипен свет.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Знам дека не пишувам и не осознавам ништо ново, дека и јас живеам или се обидувам да живеам нечиј живот, нечија стереотипна визија преполна со перверзии.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Џон забележуваше и искажуваше едно верување што е распространето и трајно меѓу геј- мажите од постоунволската ера, верување што и самиот го имав порано, верување за кое нè учеа дека треба да го сметаме за политички неопходно, како и за политички напредно – односно, дека хомосексуалноста е сексуална ориентација, а не стил на живеење и култура; дека е начисто хомофобично геј- мажите да се претставуваат како носители на некои посебни типични или стереотипни одлики; дека сите геј- мажи се поединци; дека за нас не може да се генерализира како за група; дека воопшто не се разликуваме од нормалните луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Неговите движења стануваат стереотипни и така му овозможуваат на антропологот низ нивниот ритам и стил да ги идентификува неговите национални, па дури и регионални карактеристики.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)