стивнува несв.
стивнување ср.

стивнува (несв.)

Во исто време некаде стивнувала рапава песна на гладен и безнадежен гавран.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навечер улицата стивнува и во нејзината теснина се слушаат само ритмичките чекори на стражарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ што речеш ил помислиш не стивнува Тук, останува, тлее во вечната правда Не порекнувај оти дур в идни животи ќе страдаш Не се шегувам, не, ова не е никаква парада На хирови и суети, туку уште од доба стара
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во далечината уште трепереа светлата на факлите. Извиците на рибарите бавно стивнуваа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Музиката стивнува. Се молиш за уште малку. Само уште еден гриз од тој Рај.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Хемијата меѓу нас стивнуваше, мостот меѓу нас се замагли.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И џагорот стивнува, и в миг се групираат по одделенија, и влегуваат во училишната зграда, низ скалила, низ ходници - се рапределуваат секое одделение во сопствена училница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Татко ми сигурно чувствуваше дека гладот, речиси хроничниот глад во семејството ги свенува нашите души, насетуваше како замира нашата врева, без која му стивнуваше и еланот да чита, да мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но неговите чекори одекнуваат сѐ побавно, а одвреме-навреме сосема стивнуваат. Или испитува дали е средена просторијава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
XI. Но сепак, и покрај сите бладања, оној ритам на бавното минување на времето мораше еднаш да го насочи и неговото траење во вистинската насока и постојано да ги стивнува неговите побуни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Татко ми, следен од Чанга, се искачуваше по дрвените басамаци што водеа до чардакот, а од дворот не стивнуваше нашата песна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Три дена и три ноќи оѕвиваа свирките и тапаните во манастирот, се виткаа ората, не стивнуваше веселбата. А потоа завладеа мир и тишина во манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беше сигурно дека во себе стивнува бури.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Насекаде во исто време работата полека стивнуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зарчето се сепнува од опојот на своето вртење околу себе, подрипнува и стивнува, квадратесто, бело и мртво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се приближува кон мене, стивнувајќи го гласот: - судбината ги отиснува на дланката своите траги како лузни... * * *
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Липањето стивнуваше, сѐ потивки беа брзите испрекинати вдишувања и бавното одолговлечено издишување; јас останав со главата во перницата, брат ми остана покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Михајло! Пукањето не стивнува, ни се полнат ушите со татнежи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мама на престол Роденденска На село има еден момент кога сонцето заоѓа и одеднаш сѐ стивнува, како заспано дете, како кафана по фајронт. Мир кој човек мисли дека некако го заслужил.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Повеќе