стока ж.

стока (ж.)

Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тој мене конечно ме прежале уште успеа да ме дупне кога ја делевме татковата стока.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Аранжерите на овие дуќани мислеле на сѐ за да се разликуваат од локалите што работат и дење и ноќе и затоа асортиманот на стоките е приспособен кон одредени побарувања.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука се нудат такви стоки та тешко можеш да се решиш што да купиш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Своите накити ги нудеа без довикување а муштериите ги пречекуваа молкум, се однесуваа така како да им е сеедно дали ќе продадат нешто од својата стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Под превезот на мрачнотијата луѓето заедно со стоката се редат во колони.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш, напролет, тревата е најбогата со состојки, стоката по цел ден пасе, а и сонце има достатно па лепешките можат убаво да се исушат до наесен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Градот е сив, градот е див во градот се чуствува огромен јаз го газат бездомници и криминалци а градот загаден сите ги голта Се шири смрдеа од ѓубре и стока дрогирана нација плаче за Европа од зградата копа мирис на манџа целото маало во канџа на ганџа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И за чудо беше. При такви услови на животот оваа беговска стока се множеше од секоја друга повеќе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се разбира, алкохолот е корисен сѐ до оној моменат додека не се напраиш стока и не почнеш да ја замараш околината па да зборат за тебе „Види го овој се напраил труп” и таков флекосан на рамења да те носат до дома со што ќе бидеш предмет на исмејавање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сега по должината на пругата отвориле повеќе станици преку кои населението од разни места ги транспортирало своите стоки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Трчаме по една уличка, а до половината од калдрмата е истурена стока од бакалите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многупати на анџијата ќе му истуреа цела вреќа стока само за неколку кила ракија и вино. А и зошто да не? Таа не беше со пот заработена и со крвава мака спечалена.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Зема дедот Петко заире; носи стока, а Мице ја продава и пишува „приход расход" и по пет шест години, кога си ја видоа сметката, уште малку што не излезе должен дедот Петко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Претвори го дивото животно во тревопасна стока.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Овој град е расположен на височинките на обата брега на реката, низ кој постојано се влечат шлепови натоварени со стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Големата стока беше пуштена по полето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Помеѓу стоката имало и златни предмети?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе