стол (м.)
- Ајде, земи стол и седнувај да видиме што добро те носи?
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сега стави еден стол до креветот и потоа го донесе послужавникот со појадокот и го стави на столот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Нашата мачка е ловџика. Сега ќе ја најдам. - А црна ли е? скокнав од столот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Изнесол еден стол од куќата и седнал на среде улица да чита.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Школскиот прислужник седеше зад нас на расклатен стол и строго нѐ гледаше.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еден друг стана од својот стол, му пријде на овега што си ја амка ногата и се спушти на колено пред него.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Зашто не може да има збор за нешто што не постои. Како зборот стол, на пример. Зарем би постоел ако не беше направен.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во групата луѓе околу столовите завладеа тишина во истиот момент кога видоа како доаѓа црниот комбинезон на еден член на Внатрешната партија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа сметаше дека грабнувањето на двата стола е всушност најмалата казна што можела да ѝ се одреди на кафеаната со оглед на сите вознемирувачки ноќи што ни ги приредуваа гостите на овој локал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се наведна крај себе и од покрај столот крена една најлон ќеса со хартии, која ја носеше со себе уште кога дојде.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мрзоволно седна на стол и се мислеше што да прозбори.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тргнете ги столовите од светот, направете човекот да го заборави нивното постоење и зборот стол да исчезне од сите реченици на светот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кревам и столови и сѐ што ми се вдаде кревам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мирно им се обрати на присутните прво да се послужат од преполната шведска маса, да се поткрепат, а потоа да седнат на столовите кои беа наредени во круг.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Седнав на еден стол и гледам што се работи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тешко ранетите ги сместуваат во бараките, а потоа на стол.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Слушнаа за мене и поети од Ману ме викнаа на ручек со нив да ждерам таму покана добив и јас да рецитирам во нивното друштво да им пенетрирам На Струшките вечери седнав на стол одржав говор пијан ко вол аплауз силен, дојки се тресат ми додели венец згодна поетеса
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Се плашев дека пластичниот стол ќе се распрсне или дека ногалките ќе се раскрачат како ноџињата на онаа срната во цртаниот филм, кога со зајчето лизгаат на лед.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)