стопанственик (м.)
Проклетници е наменет за бедници од возрасни сѐ до малолетници за татини и мамини галеници за газди и крупни стопанственици
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Нормално одреден број на стопанственици сметаат дека одредени права се многу високи и дека треба драстично кратење.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Закупецот е должен да го употребува предметот како добар стопанственик односно добар домаќин [bonus pater familias].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И на бугарските учени луѓе и на стопанствениците очите им се свртени кон морските води, кон неисцрпниот резервоар на вода - Црно Море, крај чиј брег постојат надежи дека ќе израснат огромни атомски централи за отсолување на морската вода, кои ќе бидат рентабилни, со примената на најновите достигања во науката и техниката.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зборуваше малку, како секој стопанственик, кој божем, ако зборува, би ризикувал да ги оддаде деловните тајни.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)