сточен (прид.)
Сакаше да ја гледа додека таа лежеше со благо затворени очи, со бузите одвај одлепени една од друга откривајќи ѝ ги сочните бели заби, во постојан грч како пред голтнување горчливо апче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ги водиме балистите кај сточниот пазар, а таму еден вод борци ручаат по камењата, подадени од снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Треснува на подот шишето коњак на госпоѓицата Голдблум. Доктор Астерид ме одведува до една подзатемнета голема хала во која се наоѓа вистински сточен вагон поставен на автентична железничка пруга со дрвени прагови за да потсетува на трауматичните масовни транспорти на Евреи што нацистите од сите страни на Европа ги префрлуваа во германско-полските логори на смртта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Низ отворите меѓу штиците на сточниот вагон, Јаков ѕиркаше кон небото на кое наеднаш му се стори дека го виде Шабтај, кој оттаму му се насмевнуваше како тогаш, на првата вечер од последната Ханука, како да се сите дел од некој голем и непознат празник што се одвива далеку, на небото.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа ориентална приказна беше нивната фантазија, нивниот интимен филм како „Шеикот” на Рудолф Валентино, создаден во главата на малечката продавачка од киоскот во Данциг и младиот наследник на претпријатието со сточна храна, додека создаваа градови во облаци и на места на овој свет, подобри и позанесни одошто сивите квартови и улици на пристанишниот град.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)