строен (прид.)
Беше тоа висок старец, исправен, строен и впечатлив со својата бела брада, бели веѓи и високо чисто чело.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Тоа беше постар граѓанин, во службеничка облека и неговата појава можеше да се објасни само со присуството на дрвената билетарница што беше затскриена во честакот од неколку стројно израснати кипариси што во темнината потсетуваа на вистински чувари.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Оф, судбини, судбини лоши за стројните женски тела во западни делови на Непал...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чекори лесно, исправена, стројна, бесшумно се доближува до неа со тивок, лесен, рамномерен достоинствен чекор.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А таа, стројна жена во четириесетите најубави години, како да му го слушна мрморењето и клетвата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таки беше висок, строен маж и неговиот соговорник делуваше ситно покрај него.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Од под една бука стана и се упати кон нив висок и строен партизан. Трајче го препозна. Тоа беше Планински.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Излезе од малата куќарка едно младо, стројно војниче, со нарамена пушка, кое држеше еден клуч поголем од кубура.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Едниот е онаа стројна убавица што не го тргнува погледот од мене.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој беше строен, човек со мерак убаво да се облече, а она што кај него понекогаш ќе ни се стореше одважност, беше изгледа повеќе инает или, што е поточно, тврдоглавост.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стројната Рада со секој чекор ја истакнуваше својата женственост која, за чудо, ја беше наследила од својата тетка, сестрата на Никодин.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја грабнаа американската протестантка Елен Стон Бугарката Катерина Стефанова Цилка во месноста Потпрена Скала. 14.000 лири! зар може да се купи нивната младост и убавина Со набрекнати дојки и стројни тела...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Цара беше убава девојка, стројна, со јадра става, со складно тело, со раскошни бедра, со здраво, свежо лице, пламнато како тутенка. Погледот ѝ беше опчинувачки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Повелете госпојце; само вакви стројни убавици како вас имаат моќ да ме попишманат па дури и да ме натераат да подзастанам на патот по кој доброволно брзам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Цињка се стрчува и кога пречекори праг, забележа дека покрај неа ја нема високата и стројна самовила облечена во бел фустан.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)