стрчува (несв.)
Се стрчувам и јас со децата. Трчаме по нив и фрламе со камења, со стапови, со што ќе ти се вдаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А се знаеше: скоро секогаш околу пет часот попладне, по патчето што низ угорницата обрасната со маслини, се стрчуваше преубавиот бел коњ со својот мал, црномурест јавач.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И со лице искривено од нервен пристап Арсо се стрчува кон дупката, дерејќи се вон себе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Преку дворот на црквата, продолжуваме по патеката, некогаш улицата што по разурнатото дрвено мовче водеше до предворјето на паркот, па низ падината се стрчуваме во шумичката, меѓу пријатниот самрак од ниските гранки, мовлестите пенушки на соборените тополи и шумолењето на блиската река, место создадено за средношколците љубовници.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се облекувам додека Моне спокојно дише во својот кревет, потоа се стрчувам да го фатам трамвајот „двојка“ што оди до Железничката, се симнувам пред станицата, купувам осминка со сирење и јогурт во син тетрапак од дрвената бурекџилница и со полни раце се упатувам кон првиот десен перон.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Стрчувам и од легалото му го земам јајцето. Ја засукувам скутината, го клавам јајцето в скутина, и трчам кај Доксима Тренчески. На меана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во лутина и бес, зашеметен и навреден, Зоки небаре добива крила и се стрчува кон него.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Секогаш кога ќе ја погледнаше Руса, се стрчуваше кон неа, ја заграбуваше и плачеше и колнеше на цел глас.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Капинка и Ѕвездан се стрчуваат по пајнчето, јас ги удирам по раце и ги бркам надвор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Цињка се стрчува и кога пречекори праг, забележа дека покрај неа ја нема високата и стројна самовила облечена во бел фустан.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во истиот момент го согледува револверот од Фезлиев врз масата. Се стрчува и го зема. Го управува во Фезлиев.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Се стрчувам по удолницата, исто како автомобилот, кој се симнал од тротоарот и си се возел сам удолу, поминал на другата страна од коловозот, се качил на тротоарот отспротива, ја срушил оградата и се паркирал во дворот на една куќа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Јас бегам налево, а епицентарот по мене, јас се стрчувам вдесно, а епицентарот пак по мене...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)