сублимација (ж.)
Раздалеченоста како маниристичко средство и знак за сублимација често дејствието на долгометражните филмови на Гринавеј го одвојуваше од поширокото прифаќање на гледачот, од вообичаената наизменична смена на психолошки убедливите кадрови кои осигуруваат непосредност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Што претставува ова? Тоа е концизна сублимација на знаењето и праксата, не само од сопствените, туку и од туѓите видувања.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Поради тоа, сликата направена на „трип“ има пред сѐ психолошко значење но помала естетска вредност, бидејќи се работи со погруба уметничка техника и во отсуство на сублимација.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така уметникот никогаш не е загрозен од свињите зошто неговата сублимација во голема мера го надминува творештвото на свињите (фабрики за измет); напротив: свињите се тие кои се загрозени од делувањето на уметникот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)