судбоносен (прид.)
Не можам да разберам зошто судбоносна, тоа ме копка, можеби подоцна ќе се покаже зошто.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Времето на козите течеше бурно во градот и јужната република. Земјата минуваше низ судбоносни и трагични премрежја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Остана горчливиот спомен за потресните денови И еве ме пред ново искушение, пред нова, за мене, судбоносна телеграма, која ревносниот шифрант ќе ја пренесе набргу во земјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дали Акакиј Акакиевич ги слушнал овие за него судбоносни зборови, и ако ги чул, дали тие оставиле врз него потресен впечаток, дали зажалил тој за својот макотрпен живот, ништо од тоа не се знае, зашто тој постојано имаше огница и бладаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еден пријател, решението да заминам од главниот град, за да бидам таканаречен слободен уметник и градител, со добри намери и со полно срце, да им помогнам на луѓето во Маказар, местото каде што дојдов, каде што веќе сум, за работи што им требаат, а тие не можат да ги сторат, ја нарече судбоносна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Селаните се размрдаа лево и десно и сите погледнаа во Доста Рожденката, која веќе ја криеше главата од погледите да не ѝ се насмеат уште тука, в очи, во првиот судбоносен момент.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во тие моменти, кога почитуваниот се наоѓа на судбоносното распаќе, (во дошепнувања со анѓелите, или, не дај боже со демонот) ние, неговите блиски, и тоа не по наша вина, изговараме многу слични, или речиси исти реченици.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Донеси го веќе тој ден судбоносен избави не од проклетијата вечна избави не Господе од овој коњушарник стадото не може повеќе да чека
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Му се чинеше дека го разбираат уште помалку од тогаш и студена пот го облеваше кога се присетуваше на ироничното смеење на оние што тогаш требаше да донесат судбоносни одлуки.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Тина успокој се, Тинче, - плачеше и татко ми, а јас знаев дека и нему му е многу тешко, поради целиот овој наш разговор и поради тоа што, ете, така се случи со нашето семејство, што треба да се мисли на вакви мачни судбоносни работи...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тоа можеби вам ќе ви се чини чудно но јас навистина премногу го ценев оној судбоносен момент кога човекот се симнал од дрвото за да ја избере својата патека и да зачекори по неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Служењето во Тунис го добиваа како еден вид награда за нивните судбоносни мисии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Она што ве очекува оваа ноќ, ќе биде судбоносен испит за вашата храброст.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тоа се случувало до моето пристигнување, со судбоносниот лист хартија од кој се очекуваше да ги оживее неговите надежи да трага и низ своите веќе одземени сиџили...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Спозна дека вложи малку од себе за да ја спречи Рада, во миговите на емоционална криза, сама да донесе толку важна судбоносна одлука.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)