сукан (прид.)
Климент Камилски, кој го следеше подготвувањето на баклавата од суканите тенки, речиси проѕирни бели кори, до додавањето врз секоја кора на филот претходно направен со мешање на состојките мелени ореви, бадеми и лешници, на крајот сечењето со нож на парчиња во облик на ромб и на крајот печењето во загреаната фурна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Чинговци беа месари, мезетеа месо и со ракија, чисто месо само печено никако варено; немаа ништо против и сирењето, особено јакото, како ни против суканото ако е мазник; додека спанаќ и други треви не сакаа ни да видат; а со очи ја јадеа рибата, од пржената пастрмка до белвицата на сач.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)