сјае несв.

сјае (несв.)

И едната и другата боја не се држеше јако за колцата и малку по малку боите фатија да се рушат и под нив фати да сјае нивната природна боја „словенска” со одблесок „македонски” од географската област во која се распределени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има ли тесна и дупка пресна со вазелин, да сјае, да блеска за топли браќа со намери задни убав и згоден депилиран задник Една желба имаме пред нас розе парада и топол колбас ануси два, поп да ги венча со бериќет вечен, да посвојат деца
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сонцето сјаеше на ситните зелени ќерамиди на павилјончето во градината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Учителот весел во мисли ми стои и овчички мили, и пиленца слатки и сонцето златесто посилно што сјае таму во крајот, крајот мој мил.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Обвиткана во својата аура таа сјае над просторот, предизвикувајќи разни природни влијанија врз земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сѐ што гасне сѐ в зеница сјае.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Треперат зелени иглички борови... а низ нив сјае сончевината и некаков повев распеан...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Огне имаше шлакнато цела кутија гел врз косата и таа му сјаеше како да ја потурил со половина шише зејтин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сонцето слегуваше сега побрзо и само уште половината сјаеше на сртот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се упатија низ холот што претставува вистинска ботаничка градина - сјае со сите зелени нијанси, со богатство на грижливо негувани растенија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Торзото на Рада под проѕирната ноќница сјаеше со алабастерска белина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така и преблажениот отец и учител на нашиот народ повеќе од сонце со тројни лачи сјаеше и просвети безброен народ којшто лежеше во мракот на незнанието.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Отспротива сјаеше и кујната, во која немаше ниту еден сад во мијалникот, ниту едно чиниче на масата или ноже на плотната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но прстенот маѓепсно се преливаше, од него сјаеше невиден по убавина божилак.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако жена не донесов ѓул- трендафил во одаја верна, добра млада љуба - не ме к'лни, не ме жали; во борбата другарката с'лнце сјае, с'лнце трепти!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сѐ беше беспрекорно уредено и сјаеше од свежина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гулаби бели летаат во синилата во саксафонот од воздишки-шаренило, на крилата белина, сјаат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Дамкавото лице му сјаеше, во зелените очи гореше некаков горделив блесок.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Блажено да е твоето пресветло лице озарено од Светиот дух, од него на моето лице богоразумен блесок сјае и многубожечката измама се искорени.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Ме смири глетката: белите штиркани чаршафи, беспрекорно испеглани околу рачно изработената бордура, ја истакнуваа убавината на старинскиот кревет, чии украси од месинг сега сјаеа како позлатени сијалици.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе