сјајно (прил.)
Пеш по светот поема Песна прва Греј, о мила месечино, сјајно, греј и огреј ми страден род, во мачна душа шепни му тајно за дните нови под златен свод.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Потем во еден момент го сврте погледот кон него, погледите им се сретнаа, Едо стана свесен за сјајно пепелавата боја на незините очи и се најде во тој нејзин поглед како врз бездна во чии безпределни длабини тонењето е неизбежно...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сѐ помина сјајно, но јас излегов од кругот со извесно чувство на горчина; ѝ реков на Ина: „Овде се смеат. Но дали ќе се смеат и на друго место?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа и ќе го правам тука.
Низа жени сјајно пишувале за машката геј- култура. (Еднакво добро пишувале и неколкумина стрејт- мажи).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)