таблета (ж.)
Некој дојде со нов вид таблета за која сѐ уште нема лабораториски извештај.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во сестринската соба возбудено се обидував да им раскажам дека лековите не ги голта, тој, а тие се смееја и тогаш дознав дека тоа се витаминчиња, а дека секој 21 ден добиваат по една депо-инјекција и дека се раат до следната, а овие другиве, ситни разнобојни таблетки се само мамец и дека можат и без нив.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Јас, јас поминувам еднаш неделно на Онкологија да земам нова доза таблетки за чичко ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Редицата се движеше полека напред, сѐ додека Винстон не стигна речиси до самиот пулт, а тогаш запре две минути затоа што некој напред се жалеше дека не ги добил своите таблетки сахарин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се сетив на кутијата со таблетки. Најдов аспирини со непоминат рок.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
О'Брајан симна една мала кутија од горниот дел на еден орман и подаде некаква сплескана бела таблетка и ѝ кажа да ја стави на јазикот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога почнуваа со оваа работа, имаа релативно лесна задача оти имаше само три или четири различни видови „Екстази“ таблети.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако запрашан неколку пати, Херман никогаш нема да каже дали некоја таблета е „добра“ - едноставно затоа што ефектот варира од човек до човек и од едно до друго време.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Потоа, татко ми своите таблети ги пиеше редовно, во нејзино друштво, со четврт бурек и јогурт, таму горе на ридот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Му ја стави таблетата на јазикот. „Голтни ја!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Таа зела само една таблета.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Огромни делови од тој живот, дури и за еден член на Партијата, беа неутрални и неполитички, беа прашање на какво-такво извршување на мачни работи, на борба за место во подземната железница, на крпење истенчена чорапа, на измолување една таблетка сахарин, на зачувување догорче.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Според она што го зборуваат, сѐ зависи од таблетата. Ако вечерта била убава, тоа е затоа што таблетата била добра.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
ЕКСТАЗИ (ECSTASY) Форма: таблети, понекогаш и во форма на капсули, но капсулите се сомнителни, бидејќи често содржат есид или спид наместо екстази.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Срање. Можеш да ја земеш истата таблета 100 пати и таа 100 пати ќе биде различна. . . и тоа е прекрасно!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, причекајте. Дозволете ми да ви дадам една од овие таблетки.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше донел еден плик полн со кафе „ Победа“ и неколку таблетки сахарин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој смета дека повеќето таблети опстојуваат на пазарот по 4 месеци, така што информациите ќе бидат корисни.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ако забележите дека ви се потребни сѐ повеќе таблети да го постигнете ефектот, не ја зголемувајте дозата, едноставно престанете да земате најмалку неколку недели. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 127
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)