таговно (прил.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Зошто по тебе дрвјата и на дрвјата гранките и на гранките лисјата шумолат скришно таговно?
        
      
    
    
    
      „Бели мугри“
         од Кочо Рацин 
        (1939)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
        
      
    
    
    
      „Бели мугри“
         од Кочо Рацин 
        (1939)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          В сенчести гранчиња тука  кукајца се вести штом пролет ќе наближи само,  таговно в пресрет и кука.
        
      
    
    
    
      „Сердарот“
         од Григор  Прличев 
        (1860)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          На брегот од тихата река  врбите таговно се капат...  песната се губи во зајдисонцето,  јазикот се вовлекол во мене  и немо стои пред збогување.
        
      
    
    
    
      „Поетски блесок“
         од Олга Наумовска 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ги нижам  Уморените стапки  (во дожди-ден)  Се обѕрнувам  И зачуден гледам  Како таговно ме гледа  Продолжена следа  Од певливи капки.      сенка   Го поминав мостот.
        
      
    
    
    
      „Вечната бесконечната“
         од Михаил Ренџов 
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тутуни садиш, тутуни нижеш, тутун таговно у монопол редиш, ме споменуваш и ем си жалиш денови - крепи тешки си редиш — Величко, мори, другачко златна!
        
      
    
    
    
      „Бели мугри“
         од Кочо Рацин 
        (1939)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пред Митровден го берев босилекот, китка врзував - босилекот и сув мириса - таговно мириса...
        
      
    
    
    
      „Молика пелистерска“
         од Бистрица Миркуловска 
        (2014)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А тоа што не е  Ах, тоа што не е  Некаде самува  И таговно  Пее.      кожата   Црниот  Кафез  На моето  Бело  Пиле.      кавал   Блажена гранко  Дрво,  Низ кое се расточува  Мојата  Лелеава  Душа:  Кавал.      од полен - болен   Од полен  Болен  Од Билки  Збран  А  Не-  раз-  бран.      кој целееше во птицата   Утринава  Си го држам срцето в раце  И  Прашувам:  Кој целееше во птицата  Та мене ме погоди?      се будам...
        
      
    
    
    
      „Вечната бесконечната“
         од Михаил Ренџов 
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Таговно и пополека се нижат денови во Земјата Езерска. Раздени се - стемни се - во загрижен молк и работа.
        
      
    
    
    
      „Молика пелистерска“
         од Бистрица Миркуловска 
        (2014)
        
        
    
    
   
   
         
	        