тако (прил.)
Таков, и како жила и како живо сребро, сиот подвижен, тој е секаде околу Претседателот: додека си го здогледал зад Претседателот тој веќе е пред него.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ем, тако ми Бога, чедо, тебе може да ти се чини лага, ама мене за вистина, чунки ми е приказано од деда прадеда; чунки во стар век, синко, не лажеа нашите стари како сега што лажат младите.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Тако говорила сос смирение.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Кога си заминувавме дома, милиционерот го посоветува тако ми: од утре, на дедо да му ја напишеме на едно ливче адресата и телефонот, и постојано да ги носи со себе.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Таков, чиниш недопрен од искушенија, можел да предизвика љубов кај луѓето - со ишмукани коски и гргалец на говор е, судел и бил духовник, сега му суди душовадник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во главата на Алегра одекнуваат стиховите од Песната над песните: „Таков е мојот сакан, таков е мојот мил пријател”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таква сум, неверничка, избрзувам со своите заклучоци.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Да ќе вечно тако остане?
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
И пазарот се свршува докај ужина, но нашите свадбари ќе преноќеваат и оваа ноќ, да се почестат и вечерва со тава риби, оти света Петка не дава мевце. A за винце — пак ќе се напијат, ако им остане по некој динарец од денеска, ако не, ќе запише Селчанецот, тако што запиша и Мечето од Пушмарка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Овиа проклети Грци, незнам што ќе им се предате, та тако ни газат немилосно татковината и народноста, ќе се испокинат, трудејќи се, со што можат и като им прилегни да ни сгрчат, дума и свет им ет да ни преврнат на грчкото. Ој сполајти Господи!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)