танко (прил.)
Оние што зборуваат натанко, сега зборуваат надебело, а оние што имат дебели гласови почнуваат да цвичат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Имаше глас на новороденче - пишти танко и грлено, никој ништо не може да разбере, ни збор ни болка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Танко им се сучи работата, вели, брзо ќе им се скине конецот...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа беше Кузман, осумнесетгодишно момче, високо и танко како стебло, со долги млитави раце и голема глава.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Еве овде е танко. Сечи, заколи ме, да не су жив, на моата старост да тргам маки и срамови. — И покажа со раката на гушата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ова му е прво залајување. Вистина засипнато, и натанко, како петле кога пропејува, ама лае, се мачи. Имало господ, си велам, белки ќе се раздени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вели само едно исто: Овде е танко, сечете, ама верата не си ја менувам, и покажува со раката на гушата и вратот. – Е!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Каде е танко - таму и се кине“.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Едни понатанко, други понадебело.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ене, да се увериш. Ене, Крчо каде си и носи парталите кај сестра му. — И се разнесе едно танко — „аха ха иии ихи!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Јас сакам да пеам, предложи срамежливиот Андон. - Ако сакате, ќе пеам грамафонски, танко.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)