тапанче (ср.)
Бргу научив дека секое светкање не донесува светлина и дека секоја песна не е за слушање - има песни што ти ја галат душата а не ти го гибаат ушното тапанче.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ти пукаат ушните тапанчиња, им пукаат јајцата на желките и на птиците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отпрвин е тешко: мораш да ги затнеш ушите со прсти или со памук, но подоцна се свикнуваш и пукотот само ти го затрега и тресе ушното тапанче.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се наѕираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Левото уво му беше чудно, некако врколачки зашилено, и одрано, а на 'рскавицата се сушеше розикава сокрвца. Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се навираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Срцето ми дошло дури горе, под глава, и скока, удира, ќе ми ги дупне тапанчињата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Супер“ „Супер“ Филип загледуваше де кон палавите девојчиња, де кон молчаливите Влатко и Теми, небаре се чувствува виновен, си ги затна ушите со дланка: „Доста де, тапанчињата ми ги дупнавте“ и се сврте накај Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Од бучавата, бифето одеднаш пропаѓа во дупка од молк, како да ви се дупнале тапанчињата на ушите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)