тапост (ж.)
Кога се обиде да ја крене главата неочекувана остра болка му ја повлече назад на перницата, каде што остана да се одмора со чувство на тапост и тежина, со придушени удари во слепоочниците, а челичен обрач му го притискаше челото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Фрли, дури кога успеа да дочека да го види тој огромен ѕвер, со онаа ужасна тврдоглава тупост во секое свое движење, со една таква тупа решеност, во тоа како беше насочена кон него, пред која како да не постоеше никаква можност за скршнување, за отстапување, со една тупост, со која таа би продолжила да иде право кон него и кога би била мртва, на тоа место, на педесетина чекори од него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сите телевизии фураат идентична шема, сите весници исто (па го има ли тоа негде, два кретена со, до скоро, потполно исти текстови - од кои зрачат бескрајно мрзоволие и тапост - во ист ден 40 години да се појавуваат ко тотална навреда за било кое чувство за плурализам и две страни на било каков аспект!?), сите културни списанија се исти, државата е исто што и невладините организации, фондациите личат на министерства, ко да сме чувари на најсветата ебена вистина во историјата на човештвото, толку проклето оркестрирано сѐ изгледа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но, ако неговиот поглед не изразуваше чудење како кај луѓе што виделе многу и престанале да се чудат, или како кај оние што не виделе ништо па сѐ земаат за сфатливо и нормално, тој повеќе изразуваше тага премината во тапост, небаре не гледа во тоа што гледа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не беше толку во прашање некаква тапост на самиот универзитетски живот, колку тоа што, благодарение на сите тие алтернативни информации и сознанија за животот на социјалното дно кои вешто се инфилтрираа низ бршленовите огради, почнувавме да стекнуваме осет за останатиот џагорлив надворешен свет.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)