тврди (несв.)
Полуофицијални грчки извори тврдат дека во Грција живеат осумдесет илјади автохтони Словени, кои самите себеси се нарекуваат Македонци.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Бојаџијата тврдеше дека видел пеперуга.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мислам дека би било и одвишно овде да тврдам дека нашата живеачка ми се чини многу поприродна во моментите на нејзината разголеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Можам и сега да тврдам дека пораката на неговите зголемени очи заради прилично мрачниот ходник не беше заканувачка или непријателска.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се сетив на нашиот разговор утринава и на она како се вчудовиди кога го прашав дали е сигурен во она што го тврди или станува збор за обична претпоставка? А стануваше збор за банална вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Победата на Француската револуција убедливо ја покажа трошноста на сето феудално општество, за кое порано непрестајно се тврдело дека е вечно и незаменливо, а таа исто така од темел ги разниша сите оние учења што претставуваа во овој или оној вид идеологија на феудалниот поредок.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Медицинските книги тврдат дека поради апстиненција не се умира веднаш и дека лакомоста полека исчезнува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со моите мали и речиси никакви познавања на патиштата по кои замина за да се загуби а можеби и да исчезне засекогаш човекот што толку го засакав, на што ли ќе му заличеше тој човек за кого ќе тврдев дека му е татко?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Уште повеќе, Бароуз тврди дека психоделичното доживување не е минливо искуство на измената состојба на свеста и дека бројни доживувања можат да се повикаат во сеќавањето многу подоцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Може да се рече дека тие беа по исклучок погребани во рисјанските гробишта, макар што некои тврдеа дека Алејата на великаните е излезена од верската линија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Убиецот веројатно би тврдел дека воопшто не бил на местото на злосторот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури тогаш можеме да тврдиме дека и вистински го имаме почувствувано оној здив на мечката што не сме ја виделе иако нѐ делеле два чекора...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Вие може да верувате дека знаете, но јас тврдам дека и мојот професор од Виена ќе ви го речеше ова што ви го велам јас.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ако не се јавеше новото течење во развитокот на националното самосознание меѓу Македонците, коешто ќе ги прирамни загубите на Србија со загубите на Бугарија, тогаш може позитивно да се тврди оти од Востанието бугарските интереси во Македонија само пострадаа, а српските само се зголемија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мајка тврдеше дека Татко ѝ се доверувал дека цел живот во библиотеката, трагал по магичниот редослед на читањето кој ги покажувал среќните излези за семејството, одговорите на големите прашања на егзистенцијата, во кои било вклучено и прашањето на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност преминот од глетки и звуци кон симболи и бројки е премин за кој оние со хуманистичка склоност тврдат дека не може осмислено да се спроведе потаму од удобството на физичката лабораторија, или можеби, паркетот на финансискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Или навистина стануваше збор за неразјаснетите текови кои користејќи го нашето невнимание не туркаат по некој пат за кој можеме да тврдиме дека не бил некоја наша свесна определба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)