тежок прид.

тежок (прид.)

Тешките зависници се подложни на боледување од пнеумониа и бронхитис.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Прерано е да се предавам. Уште ми претстојат тешки часови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Немам сила... Срце пука... Еј, ми тежи тешка ноќ.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Чекорите што доаѓаа откај ходникот, многу тешки и речиси идеално рамномерни, ја одмеруваа должината на ноќта и неизмерливоста на неизвесноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Самотијата е мачна и тешка, осамените луѓе се несреќни луѓе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Со тешкото чувство, па и стравот во себе, не можев да проценам, дали ме мразат или ме сожалуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уништи ја Господе нивната бесрамност измери ги нивните гревови тешки царуваат подлеци со својата глупост доблесните страдаат од нивните грешки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Видов дека ситуацијата со ранетите е многу лоша. Приближно триесет многу тешко ранети. Условите многу примитивни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како можел да делува совесно, во многу тешки услови на живот, и при тоа да ги брани одбележјата на културата, уметноста, јазикот, како се изборил за привилегијата: да бидат сочувани сите овие богатства?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа дружба треба да пушти длабоки корени помеѓу двата братски народа за да им даде можност рака за рака да одат по тешкиот пат на културниот прогрес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А таа тешка задача ќе се постигне само ако Македонецот од Северна Македонија му подаде рака на својот брат од Јужна Македонија и оној од Западна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знамето, во егзил, доколку било откриено, во некои околности, особено во времето кога минувавме низ емигрантското чистилиште, можеше да има тешки последици за судбината на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ми објаснуваше дека авторот бил инспириран од тешката судбина на децата бегалци и сликал прикази и детали што асоцираат на нивниот мачен живот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го засакав вашето пишување и свежината на оваа книга со многу хумор во сепак мошне тешката епоха за сите одгледувачи на кози...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
3. Страшило од корени од жед и од глуварки со лелек од шупливи гради на мртво стебло Ноќта ги негува тешките црни молчења во невидливите градини каде студенее летото Ниту една планина во мојот говор додека се враќам во домот на претците.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се оттргнуваа на сонот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Единствената победа е доколку се преживее во овие тешки времиња, доколку се победат господарите на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Полицаецот сташно мрдна со мустаќите и го повлече за ракав старецот; на овој му паднаа напукнатите очила рамно под тешката стапалка на писарот кој потскокнуваше и мавташе со раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Камен тежок живот ми е а по тежок одзив пусти по народни думи свети!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Повеќе