темнокос (прид.)
Ненадејно, и со оној вид на жесток напор со кој човек ја врти главата по перницата во ноќните мори, Винстон успеа да ја префрли својата омраза од лицето на екранот врз темнокосата девојка зад него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше низок, темнокос човек во бел жакет, со ромбоидно, сосем безизразно лице, кое можеше да биде и кинеско.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На татка си се сеќаваше понејасно, како на темнокос и слаб човек, секогаш облечен во уредни темни алишта ( Винстон посебно се сеќаваше на мошне тенките ѓонови на чевлите на татка си ) и со очила.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Темнокосата девојка зад Винстон викаше „Свиња! Свиња! Свиња!“ и одеднаш грабна еден тежок речник на Новоговорот и го зафрлачи во екранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеше да ја замолчи темнокосата девојка, само да дејствуваше доволно брзо; но токму поради екстремната опасност во која се наоѓаше, тој ја загуби моќта да дејствува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)