темперамент (м.)
Имал темперамент за опера, приспособен на оперската композиција како да е специјално создаден за неа.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
По темперамент, Бетовен не бил приспособен на оперското компонирање.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Кај Хајдн, менуетот бил весел и жив, музички стил добро приспособен на неговиот посебен темперамент и карактер.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Вулкански темперамент затворен во бетонски ѕидови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Професори главни просветители на младата нација. –продолжи таа –Ги подигаме, мораме да мислиме како: Психолошки правилно да ги насочиме, да го поднесуваме нивниот бучен темперамент и што ли уште не.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Дејствувал независно од самиот почеток, оброците ги јадел во ресторан секогаш кога тоа му одговарало и покажувал неконтролиран темперамент кога му се мешале на кој било начин.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Од прозорецот на својата канцеларија на првиот спрат на командата, Беренц неволно помисли дека на Медитеранот се лачат непотребно многу емоции, припишувајќи го тоа на жешката клима којашто ги создава зовриените средоземни темпераменти.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Бетовен верувал дека ако напише една или две опери, неговите приходи ќе се зголемат до тој степен што ќе му овозможат целосно да го насочи своето внимание на создавањето симфонии и миси, жанрови кон кои природно бил наклонет со оглед на својот темперамент.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Го одбегнуваше зборот „јубилеј” и придавката „јубилејна”, зашто го потсетуваше не дека зрее туку дека старее, а тоа никако не се согласуваше со неговиот темперамент, на кој - по негово мислење - повеќе му одговараше поимот „младост”, па макар овој во јазикот на баба му да се викаше „аџамилак”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Енценсбергер молчаливо се согласи дека треба да проговориме од ова гранично подрачје кое ни ја овозможува приликата да учествуваме во возбудливата размена на философскиот и литерарниот темперамент.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Често се коментира за непокорниот темперамент и очигледната неблагодарност на Бетовен, но неговата неблагодарност била само привидна.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Имено, неговиот табиет, односно карактер, веќе се беше оформил во темперамент - буен, немирен, нескротлив, понекогаш неразбирлив или несфатлив.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така тој се повлекол во Хајлигенштат за да ја напише својата прва миса.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Оттогаш се откажа од барањето државна работа и ги засука ракавите како слободен уметник - сам во шупата што му ја отстапи стопанот без надоместок како ателје не можеше никому да му пречи со својот темперамент.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во тоа време Лабрис доби извесни шанси да се инкарнира во прекрасна дебела книга, но нескротливиот темперамент и стравичниот вербален торнадо на господинот Вулкански во една вечер во Александар плац (темна и дождлива вечер) ги уништи шансите на тој хипотетички проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Имено, се работи за два типа темпераменти: едниот е нежен, чувствителен, толерантен, а другиот - суров, ригиден, безобзирен.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Пред него беше нашиот вујко Косров, огромен човек со калеша глава и со најголеми мустаќи во долината Сан Јоаким, човек толку буен по темперамент, толку раздразлив, толку невнимателен, што секого го запираше да зборува со рикање.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тука го запознал Гете кого многу го почитувал.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)