термален (прид.)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води. Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Зошто, сине? Специјалност ми се термалните води, се во единствениот еко - систем, чиста технологија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Татко му прифатил место во Геолошкиот институт со голема желба научно да го синтетизира искуството стекнато низ повеќегодишна практична работа со термалните води.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)