технологија ж.

технологија (ж.)

Носат знамиња, пароли на кои пишува: Не сакаме скапа технологија.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Целосно беше укинато правото на странците да засноваат работен однос без дозвола во склоп на деловно техничка соработка, производна кооперација и пренесување на технологија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа се првенствено врвните достигања во техонолгијата и техниката на индустриското производство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа е единствениот обид на сериозно сидрење на визуелните уметности во технологијата и психодинамиката на стварното и виртуелно исчезнување, една од ретките културни пракси која се обидува да го исправи општото отсуство од дискусии за деструкцијата во општеството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако говориме за иднината, не смееме да заборавиме дека тука тече незапирлив алгоритам: луѓето што ја измислиле парната машина, никогаш не би се сетиле да изградат огромен брод на парен погон, со што би ја употребиле својата технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова не го потпомага дијалогот кој е потребен за технологијата да стане проблем со кој ќе се бават нашите луѓе, ќе се зафатат со него на еден рефлексивен филозофски начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како последица на развојот на технологиите за надзор, „границите сега постојат на друго место... на места кои традиционално им припаѓаа на суверените држави, но сега се трансформирани за да им овозможат на владите надвор од своите географски граници да го проверуваат личниот идентитет и да го следат движењето на луѓето пред тоа движење воопшто и да се случи“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-Тие нѐ уништуваат со технологија, гледам сѐ повеќе - вели господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За разлика од печатениот текст со едносмерното движење во правецот на вртењето на страниците, хипертекстот е радикално различна технологија, интерактивна и повеќегласна, која го фаворизира плурализмот на дискурсите пред дефинитивното фиксирање на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Новите технологии кои го преплавуваат и менуваат значењето на традиционалните граници можат да создадат контроверзни меѓу-зони“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сајберпанкерите воведоа сосем поинаков однос кон модерната технологија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И покрај напредокот на науката и технологијата и нивните оптимистички ветувања за убавиот нов свет, кадешто ќе работат машини наместо луѓе, во 1993 година во развиените западни општества живеат во сиромаштија повеќе деца отколку пред две децении.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не само што можеме животот да го расчлениме на неговите составни делови, да наведам само два особено вознемирувачки примера, на гени, и да го анализираме, туку можеме тие гени со генетска технологија пак да ги составиме во нови информации и така да создадеме некое „вештачко живо битие“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Да го слушнеме крајот на излагањето!“ „... а ние ќе вложиме максимум сили и со ваква застарена технологија да обезбедиме мобилно следење на аерозагаденоста во градот и навреме да информираме, да предупредиме“ - зборуваше претставникот од Републичкиот хидрометеоролошки завод.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Потоа во ст. 3 од чл. 3 на Законот изречно се забранува дискриминацијата, како и вознемирувањето и сексуалното вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, науката и спортот, социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствената заштита, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, информатичко-комуникациските технологии, одбраната и безбедноста, членувањето и дејствувањето во синдикални организации, политички партии, здруженија на граѓани и фондации, други организации засновани на членство, културата и други области определени со овој или со друг закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако не стоиме блиску, тогаш наскоро ќе купуваме хардвер и софтвер кај нив и ќе плаќаме лиценца. И Дали постојат начелни ограничувања заради постоечката технологија?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе