транзиција (ж.)
Ова го кажувам од едноставна причина што: тие што живееја убав живот беа главната причина за продолжување на раздобјето на транзицијата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Занимавањето со андерграунд уметност во транзицијата беше еднакво на самоубиство.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Јас добро знам дека сме земја во транзиција, па, сепак, тешко ми паѓа што сѐ уште ни законот за пушење или паркирање не е целосно реализиран.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Така гордо исправено оваа шмизла ја овековечи цела транзиција во која шмизлите најмногу профитираа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Од почетокот на транзицијата, правата на работниците кои по силата на приликите се невработени во дадениот момент со промените на овој закон претрпеа сериозни намалувања, особено во поглед на остварувањето на правото на паричен надоместок во случај на невработеност: додадени се нови ограничувања кои го оневозможуваат стекнувањето на ова право и го олеснуваат неговото престанување, утврдена а подоцна и намалена е горната граница на висината на паричниот надоместок и, најважно, дојде до повеќекратно и драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така можеа да чекат дури и подолго, затскривајќи се зад параванот на транзицијата, причина која ги оправдува самите нив!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Причината за тоа во голема мера се должи на широко- распространетото прифаќање на митот за транзицијата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Што да ви расправам за Транзицијата, при очи сте, гледате и сами, барем кај нас таа си е вечна и не прортчува тукутака низ живеачката.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Земјата конечно се отвори, завладеа демократијата со неизбежните мачни процеси на транзицијата од тоталкомунистичка диктатура од посебен тип, во демократска мултипартиска држава со пазарно стопанство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
1 Ветувањата и реалниот исход Транзицијата кон пазарната економија и почетокот на неолибералниот проект во кој акумулацијата и максимизацијата на профитите беше правопропорционално поставена со девалвирањето на трудот значеше дека голем број на работнички права кои беа гарантирани и заштитени во претходниот социо-економски систем, ќе доживеат огромно потиснување, девалуирање и само номинално ќе фигурираат во законодавството.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Реалноста со сета суровост ја покажува точноста на оценките на американскиот економист и нобеловец Џозеф Стиглиц дека „ретко кога јазот помеѓу очекувањата и стварноста бил поголем отколку во случајот на транзицијата од комунизам во пазарна економија“ 1 и дека „транзицијата не испадна да им користи на сиромашните.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Блазе си им на Србите што си го имаат Новак Ѓоковиќ да им го крева моралот додека живеат у транзиција.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Источноевропските режими има почнато да се растураат во транзиција.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа што емпиријата докажа дека не е така не пречи, бидејќи – ова сѐ уште е транзиција, односно ова сѐ уште не е посакуваниот економски систем.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работните услови во АД „Охис“, на почетокот од вработувањето, беа релативно добри – за потоа, во текот на транзицијата, да почнат сѐ повеќе и повеќе континуирано да се влошуваат: на пример, вработените немаа ниту греење, ниту ладење – па зимно време работеа на температури под нулата, а на лето беа принудени да ги поднесуваат жегата и пеколните горештини; мензата која порано одлично функционираше сега е затворена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Транзицијата и работничките права Неодамна, за еден штрајк на текстилни работнички во Велес беше известено под следниот наслов: „Мизерни плати – експлоатација како во раниот капитализам.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За да ѝ одговорам на нејзината љубопитност и на некој начин да го дополнам нејзиното истражување, ѝ пренесов еден мал синопсис за можното продолжување на книгата под наслов Враќањето на козите, но и приказ на настаните во Македонија, за време на транзицијата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Можеби ќе речеш, миличок, дека во овие времиња на транзиција мнозинството луѓе се налик на Врапче, се „муваат“ и трчаат со испрекинат здив.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Човекот кој у целата транзиција закопуваше фирми и Македонци во Бутел.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)