трепетно (прил.)
Обрезан, се соочи со природата
мајката, морето, Марија младата
се возбуди горешто
ко огледало блескотна обелискот
од искон создаден
во него, близнак
се преслика бесконечноста
о, срцето на немоќта
ритамот и смртноста -
опсцената, ласцивната
обелискот се вивна
во интимниот кат, во еонот
од похота по постоење
со вродена моќ и смисла
да биде
проблесок на еросот
нишан - алхемија
трепетно писмо
меѓу човекот и космосот
веда устремена кон небесната матка
за да го одрази идеално
недопирливото
овоплотувајќи се себеси
сѐ
она кое не се прикажува
но може да се види
со голо око
створителу
Куросе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Очигледно - расположен беше. Сашка трепетно зачека.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Од дрвјето се огласија птички. Ѕвонливо. Трепетно. Слободно. Птички. Мали. Безгрижни. Пеат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со треперливи раце и трепетно срце го отвори ковертот, чекајќи однатре да ги чуе зборовите на својот љубен: „Се вратив, љубов моја, подготви се за невеста...“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)