трескот (м.)
Сонцето качено на огнена колесница што ја влече зелена раскрилена птица го исмејува на заровите блескотот А тие од лутина трескотат трескотат по синорите на таблата. Ликува со трескотот раката на маестрото. *
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Андон се залула, удри со трескот во ќепенците од еден дуќан и одвај се задржа на нозе...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Наеднаш се слушна силно трчање по скалите нагоре и вратата од собата се отвори со трескот силен како експлозија: „Кој е тој Петар???
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Скриени по куќите, незнаевме што ке се изроди после таква силна поплава и трескот, се корнеше земјата, водата носеше по долот сѐ пред себе, дрвја, земја, камење, ама Никола Карев не го однесе!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)