триесетина бр.

триесетина (бр.)

- Минатиот вторник го завршивме средувањето на библиотеката. Практичниот биланс е недостатокот на триесетина книги.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И одеа двете момчиња угоре, носејќи ги во мислите смелите партизани, кои пред триесетина години ги минувале овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со издив на олеснување го дочекував големиот станичен перон во кој се наредени триесетина колосеци кои дејствуваат грандиозно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Жената која лежеше на креветот до нејзиниот, модра како џигер и со одвај триесетина килограми сѐ уште лелекаше и офкаше од болки, а мајка ми која не ми ни дозволи да ѝ помогнам да се преоблече дента кога ја донесов, лежеше мртва.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ќе поминат десетина минути, ќе поминат дваесетина, триесетина и вратите пак ќе се растропаат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но имаше еден момент - не знаеше колку долг, триесетина секунди можеби - од блескава извесност, кога секоја сугестија на О'Брајан исполнуваше еден дел од празнината и стануваше апсолутна вистина и кога два и два можеа да бидат три, исто толку лесно како и пет, ако беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во одделението сме триесетина ученици.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Семовиот репертоар се состоеше од педесет и пет смешни приказни и околу триесетина или четириесетина песни. Но, по никоја цена не запираше тука.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Замина со првиот автобус. Додека возачот ги возеше тие триесетина минути, Томо го беше облеал некој чуден внатрешен немир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Партијата пикадо, што се играше на другиот крај од просторијата, запре за триесетина секунди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Доволно е, доволно е со смеење. Да заклучиме: значи, сѐ на сѐ пушката е составена од триесетина делови кои заедно прават само една работа. Која?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Трново е град со триесетина илјади жители, еден од најстарите бугарски градови, градови, престолнината на Второто бугарско царство (од 1185 до 1396 година), а во јули 1393 година на тримесечната разурнувачка опсада паѓа во рацете на Турците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имаше околу триесетина години овој кутар божјак, со грпка што му стрчеше под кошулата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уште повисоко според надморската височина, е едно друго езеро, Преспанското, што го снабдува Охридското Езеро со половина од својата вода која се инфилтрира низ варовникот на планината и се појавува повторно, во изворите на Свети Наум или во дното на големото езеро, долго триесетина километри.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко ја слушаше со милина во душата, како што не ја слушал пред триесетина и повеќе години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И кога Татковата мајка во 30. години заминува за Турција, да се види со своите браќа и сестри во Турција, по триесетина години откако се разделиле, неа тешко можеле да ја разберат со нејзиниот архаичен турско-арапско-персиски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Тие триесетина дена Клара ги мина покрај неговата постела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За кратко време триесетина дробни дечиња урлаат низ училницата еден на друг како да изговараат религиозна мантра. - Тито ме гледа мене! Тито ме гледа мене!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Повеќе