троши (несв.)
Оттука е јасно оти добро разбраните интереси на Турците и на Македонците им диктираат не да си ги трошат нивните сили во меѓусебна борба во полза на заедничките нивни непријатели, ами да си подадат еден на друг рака и да ги отстранат сите фактори што им пречат во нивните пријателски односи и заеднички интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Го одврзав кесето и земав неколку златници и следните денови си ги трошев на колачи и бонбоне.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Помислив како трговецот им се потсмеваше на надмените христијански господари на кои, трошејќи ја умешноста на облекување, чешлање и правење заговори на хиподромот меѓу две трки, не им паѓаше на ум барем да се потсетат на својот народ.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ги трошам дните бесполезно и мудрувам наоколу, сакајќи да оставам впечаток на паметна индивидуа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Богатството се троши а славата останува вечно!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Александар, ланската година заедно со Влатко беше во тимот којшто ја организираше кампањата за регрутација и не можеше да му се доначуди чуму се трошат време и пари на кампања?
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Не може ни Господ да ме разубеди дека Големиот Брат не води тачна евиденција кој, колку и кога пие, колку троши на сите облици на пороци и слично.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Би можела да те бакнам како тогаш и онаму во аголот... зошто сѐ се троши само бакнежот останува на моите усни...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Задоцнив! Не најдов време. Го трошев на многу понезначајни и банални нешта, за жал.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Се надевам дека еден ден тоа ќе се прави на улица и веќе нема да биде мистерија за која се трошат толку нерви и енергија. Ќе одиме ли?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Постојано верував дека новата депеша е позначајна од претходната и така всушност го трошев времето на животот, времето кое не беше само дипломатска депеша, времето на дипломатските илузии Ја повикував мојата мајка да ми се придружи во Тунис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со здравје троши го лесно заработеното, поздрави го татко ти поп Стефо и речи му да ти удри едно четиринаесет неброени стапа за да ти дојди умот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Прстените во `рбетот му се трошеа и тој се виткаше стискајќи ги со брада ковчестите гради.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој ѝ велеше дека ги троши парите без ум, дека е глупава, дека не ги дава тешко спечалените пари за да ги расфрла по улица, и уште триста други глупости, зашто обично, саботите навечер беше тежок немтур.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мене цената не ме тревожи. Парите се печалат за да ги трошиме! Дури ни на ѕидот не мислам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа е времето кое ти останува. Си го посветуваш и трошиш на себе.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А државниот буџет како и секогаш се трошеше за глупости.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Додека цел ден трчаш по пари жена ти на друг кафиња вари твоите денови станаа лоши твоите евра друг ќе ги троши Евро по евро, злато и сребро во трката по нив попушти нервно изгуби здравје за банкноти пусти бизнисот пропадна, тркало се сврти Јас со вера, а ти без евра падна доле, а јас се кренав судбина тера на разна роља животот тркало, а парата дроља
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)