турнеја (ж.)
Малото шаховско поприште му откриваше широк пат во животот, го одведе еднаш и во странство, и веќе опипливи му се чинеа мечтаењата за светски турнири и турнеи, за гостувања кај шаховски снобови - бразилијански владетели на плантажи или баснословно богати махараџи, во дворците на кои убави жени, покриени само со проѕирен превез, ги извиваат своите тела во танци при ноќен водоскок, а оние црни очи им горат, им светкаат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Моцарт, на четиринаесетгодишна возраст, во Мантова, на неговата втора турнеја во Италија, импровизирал соната и фуга на јавен концерт, освојувајќи ги воодушените Италијанци, а таквите изведби тој често ги повторувал подоцна.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Кога престанала неговата врска со оркестарот на Електорот, тој направил професионална турнеја во Италија и Шпанија, со својот попознат братучед Андреас, и бил многу успешен.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во најдобрите години кога ја почнал, по завршувањето излегол од изолацијата, немоќен и со скршено здравје.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Велветите никогаш не отидоа на вистинска турнеја.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)