туѓинец (м.)
А кога ја заврши тирадата мене ми се обеси на вратот и им довикна на неканетите туѓинци во нивниот извештај да натокмат дека ваков акт на интимност не водела таа само со еден туку со двајца.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Различните конфесии не ги разделувале меѓу себе, а ниту туѓинците не можеле да ги раздвојат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
91. Иако имаше силни манифестации на македонската национална свест уште од половината на минатиот век, сепак 1890 год. претставува значаен меѓник во македонскиот национален развиток, бидејќи тогаш најизразито се почувствува активноста на туѓите националистички пропаганди и настана нагло и моќно раслојување на поранешната единствена народна маса што предизвика и најсилни бранувања сред македонската интелигенција за отпор против туѓинците и за народно единство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Туѓинецот ќе ја искористи
широкоградоста на небото
ќе влезе низ подземни порти
и со отров ќе нѐ попрска
Scorpius-Ophiucus.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Иако и самиот со десетина рани на своето жилаво месо, Парамон се извлекол да се крие од планина на планина и да остава зад себе запалени сараи и заклани туѓинци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мислеше на туѓинецот- градител што умре и на сиромасите што ќе ја јадат неговата печалба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
16. КОГА Е В ТУЃИНА И СОКОЛОТ ГО ВИКААТ ВРАНА - не оти на туѓинците со јазик неразбирлив им грачи, туку оти со крилјата поткастрени тој таму и станал но бела врана на другите птици јајца да им квачи...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Се исплашиле Баручиевите дека на нивните скапоцености може да се настрви некој од туѓинците во градот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тој туѓинец не најде за потребно, барем од љубопитство, да се помести и да наѕирне што се случува зад него.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кажуваат дека судските стражари го спровеле во едно далечно пусто поле, да живее како туѓинец и да ја издржува казната.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Гурбетчијата го носи своето семејство во себе во далечната туѓина, останувајќи туѓинец за народот со кој живее. Нема погорчлива судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нозете на туѓинецот се несигурни. Полесно му е да не стои.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште нешто за окото. Знаејќи дека забележувањето е најтешката работа, особено под набљудување од страна на туѓинците, или нашинците, од околните јавни погледи.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А туѓинците биле многу настрвени по такви нешта)!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И лежам така запашкан, како туѓинец во постелата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само така ќе можеме да излеземе на крај со натрапничките зборови во нашите јазици, кога ги наложи историјата на туѓинците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Им одржал говор, им рекол дека се добри луѓе, верни на туѓинците, ама едни на други понекогаш си се ѕверови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нивната милост се престорува во милосрдие. Ја свртувам главата настрана и пак се гледам запашкан, како туѓинец во постелата. Како тезгере фрлено, запотегалено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)