удар (м.)

Се мешаа националности, вери и обичаи, луѓето живееја во доверба, разбирање, заеднички полесно им се спротивставуваа на ударите на судбината во овие неизвесни времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зашто, само така полесно ќе биде и подобро ќе може целта да се обвистини: ударот да биде ненадеен и силен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Удар на бол проструи низ неговото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
157. Ние гледаме сега оти три национални и религиозни пропаганди во нашата татковина се борат една против друга и сите заедно се борат против нас и нашите интереси, сакајќи да им нанесат смртен удар и да си ги потчинат под себе, земајќи го со таа цел религиозното и училишното работење кај нас во свои раце преку црквата и училиштето за да ѝ нанесат смртен удар на нашата народност, ни го налагаат нам нивниот наместо нашиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не беа ли тоа пипалките од чудовиштето потсечени под тврдите удари на младите бригадирци?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Шоферот на автобусот со удар на француски клуч по глава го внесува назад.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Особено јасно се слушаат ударите кога чекорите идат точно над нивните глави.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И в таја мугра пресна да екне дружна песна на дружните удари - та бијат срца млади и растат силно гради пребликнати со јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Чувствува силни удари на цврсти војнички кондури и кршење на ребрата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го пречека шум од весели гласови и тврди удари на копачите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Домаќинот и вториот удар на камшикот го издржа без да отстапи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Претставниците на власта и партијата им се радуваа на новите припадници на работничката класа кои засекогаш се збогуваа со животот и со навиките во планините и кои сега, сигурно, ќе му зададат конечен удар на домашниот и на странскиот класен непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зад себе слушна тешко дишење и тап звук и тој доби жесток удар по глуждот од кој речиси загуби рамнотежа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби цел час ечеше гората од ударите на секирата, а потоа момчето слезе до потокот и почна да ги зема трупците и еден по еден да ги пренесува во стреата што беше залепена до јужниот ѕид од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откај бунарот веќе се слушаа тапите удари на копачот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неочекувано бедното човече скокна и пред домаќинот и другите да си дојдат на себе, да го зграпчат или да го соборат со удар, се стрчна и со скок на преплашен јарец ја прерипа искривената ограда од прачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пијалокот беше како азотна киселина и, што е уште полошо, при голтањето човек имаше чувство како да добива удар со гумен пендрек по задниот дел од главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Плашејќи се секогаш од радикални решенија со смекната душа од селидбите, од ударите на судбината, тој сега гледаше дека децата се ослободени од неговите фрустрации, но го плашеше тоа да не предизвика спротивен ефект во новата средина, па да се урне неговата морална тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најголем удар доби Византија од Бугарите, коишто зазедоа од неа голем дел нејзини земји населени со Словени и од нив образуваа една голема и силна држава, која од VIII век до идењето на Турците на Балканскиот Полуостров скоро постојано ѝ нанесуваше еден удар врз друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе