удолу (прил.)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Му ја завиткувам главата на детето и вјасам удолу.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И прелив на бои што истекува удолу... „Битка е судир на најголеми оперативно-стратегиски единици за постигнување на оперативно-стратегиска цел.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одкога ја клоцна главата ѝ се стркала удолу, го фати патот кон долот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ама што ќе правиш: ти ги фатил камен нозете и не можеш ни угоре, ни удолу.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Градот ги откри, и тие податоци јурнаа удолу за да ги комплетираат сите останати вкупни информации.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И веднаш го пуштиле удолу.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во далечината еден хеликоптер се урниса удолу меѓу покривите, рееше за миг како мува зујалка и одлета повторно, кревајќи се.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чувствуваше како песокта ги завева гребените на Атлантикот и создава благо налегнати дини што би можеле да го спасат кога, како невешта птица, би пропаднал удолу.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Јас се пуштив удолу, не го чекам лифтот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тркало, тркало во мене се тркала де нагере, де удолу, и пак и пак така е животот, замрен, нечуен, тивок...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Долго време откако шумарот си замина и откако неговиот џип одбрче удолу низ Рамни Ливади, старецот остана да седи замислен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По ридот удолу по стрмнини по долои по воденици штурецот да ни се чуди.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Прострев моето под ситниот дождец, за да го ороси, па тие лесни капки се разлеаа по него како ситни солзи , тркалајќи се удолу, покрај носот, ми ја заобиколуваа устата, низ брадата па сѐ до вратот, каде што како река течеа, се слеваа една до друга.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Белката е небото што во себе ја крие земјата, која се стреми со сите свои негативности удолу.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Информациите се симнаа удолу по кружниот пат, на лентите со двојна проверка.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И еден ден, црн ден за мене, го заповедав Ангелета да ги истера кравата и магарето удолу, покрај реката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не можеме да го фрлиме од краста удоле, да го стркаламе по басамаци, да му кркнеме нож во грб, жив да го закопаме, да му скинеме глава на спиење, да му исшмукаме крв, да го продадеме на турски силеџија, да му скинеме една дојка…
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)