удрен прид.
удри св.

удрен (прид.)

Кметот пламна со стиснати заби: - Надвор! Да не те видам повеќе! ... Излетав како удрен со клоца. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се собра ко удрен еж и се истркала држејќи се со рацете за удреното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небаре удрени да се камбаните за некој долго чекан празник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не знам која нога ми е удрена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се занишува снагата ко удрено дрво со секира. И само барам нешто да се потпрам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секако ми го дезинфицираа удреното место - ме печеше и мирисаше на алкохол; потоа ми ја сечеа косата на тоа место и пак дезинфицираа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Беше бил многу лошо удрен меѓу ципите, кај што се врзуваат сите жили и корења.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може право в срце го има удрено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие ја удираат по раце и таа си ги собира кон устата, си дува во прстите, на удреното, и пишти ко квачка што го рани пилето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Уште не знам дали сум удрена од некој куршум, дали сум погодена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги наведнав очите и почнав да си ја враќам назад, да си ја прибирам раката. Небаре удрена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да нема неудрено место на земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се удираме, преку целото лице се удираме и после само се чешаме, се дрпаме по удреното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И рацете сами ми отидоа таму, се фатив за удреното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Којзнае колку лошо го има удрено студот, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Докторката Горица сѐ уште молчеше. Ме седна на стол и го гледаше удреното место.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе