украден прид.
украде св.

украден (прид.)

Треба само под перница да се клае чешел, огледалце и украдена пченица од жена што се враќа од црква.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Некоја далечна сорта. Може од градината на некој крал да беше украдена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој од мене бараше да му дадам една одамна украдена, изгубена чаша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти, ми вели тој, беше во Србија за да ја продаваш таа стоката украдена од железничката станица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И кај се спиело кога сонот ти е разбиен, што се вели, наполно украден.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа рака честопати знаеше да дофати некоја ситна работа и да ја повлече, а откако ќе го оставеа дуќанот, оној ќе го извадеше украденото и ќе им се фалеше пред сите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Украдени се моите чувства. Сега сум бесчувствителна и бодра.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не лажи, велам, украденото ти се гледа во очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Ко сенки, ко сеници се точкаат: со пушки, со ќебиња, со украдени сакми, со некакви врзопи преку рамења.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тој чудна ука ми кажа, ми ја преподаде уката на криењето тајни а украдени нешта, и јас видов дека срцето негово веќе сосема во пороци зараснало, како нива заборавена од Господа и рака човечка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој стана сенка, ми рекоа, тој, мојот старец, а јас носев нови долги панталони и се криев и плачев ноќе зашто тие беа купени со украдени пари. Украл.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Украдено виножито, украден сон не се враќа, изгубена надеж, украдено време, скршено срце, со солзи, со болка, со камати се плаќа.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ние живееме од изнудената енергија, од украдената енергија, од заведената енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Рече дека има план ливчињата да се сохранат на тајно место, место толку тајно што да биде сосем видливо, оти луѓето подобни за лоши дела, крадците и убијците, знаат дека законот секогаш ги бара украдените работи далеку од окото и од местото каде се украдени; затоа, најдобро е тие да се скријат на највидно место, оти таму никој не го бара пленот на крадците!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако сум полн добрини одвнатре, можат да бидат украдени од некој кој не поседува добрини како мене.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повеќе