уреден прид.
уреденост ж.

уреден (прид.)

А тоа се пред сѐ: добро да учите, добро да се однесувате, да развивате кај себе работни навики и да ја сакате работата, да бидете уредни, да бидете добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Така пишува и на голематата сообраќајна табла пред влезот во градот кој прво изненадува со големата црква и веднаш потоа со прекрасно уредениот нов плоштад кој на градот му додава дополнителна убавина и привлекува со својата одлично обмислена поставеност.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во раскошно уредениот ресторан за гостите беше закажан ручек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А оној што сака да носи воздушна пушка, што сака да стрела со неа, нека оди на стрелиште, место предвидено и уредено за тоа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
До самиот брег купишта дробен камен, од спротивната страна, навалена на ридското подножје, се извишува новата зграда на универзитетот и пред неа убаво уреден паркинг.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пријатно е во нивната куќа. Голема е, дворот е убаво уреден, над терасата има лозница и сенката е дебела, па не е жешко како кај нас дома во станот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ноќите ги минуваше во својата канцеларија која, покрај службените елементи (биро, фотелја, маса со шест столови за состаноци), беше опремена со кауч и шкаф за облека, со фрижидер и шпорет во малата ниша од која на левата страна се влегуваше во пристојно уреден тоалет, а од десната страна се излегуваше на тераса свртена на југозапад, кон височините на планината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Откако е дежурна куќата многу поубаво ни е уредена. Секој предмет си стои на своето место.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас не сум ваш државјанин. Имам ваша уредна виза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Убаво уреден стан. Со кујна и со купатило, а собите можат да примат два, три или четири кревети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со еден збор - бидете точни и уредни во сѐ!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Раководителот лично го прими во својата канцеларија, чиста и уредна како воен брод, и му поднесе срдечен извештај за состојбата на неговата сопруга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Решение за правата од пензиското и инвалидското осигурување донесува Фондот, најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесување на уредно барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа беа неколку бараки. Со уреден санитарен јазол.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој би можел да ги спои неговата расприкажана, полничка личност, мустачињата а ла Клерк Гебл и љубовта кон шарените вратоврски и цицлести жени со неговиот минималистички уреден ергенски апартман: црно-бели театарски фотографии, три старински фотелји, а плакарите со стотици костуми и вратоврски и креветот вовлечен, камуфлиран во ѕидот, незабележливи како и музичката кутија, што ја сокриваат листовите на големиот фикус во аголот на собата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Петар влезе во ходникот кој беше многу едноставно уреден со дрвен под и тенка, долга но многу убава черга.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не пропуштаме да отпочиниме во единствениот и изненадувачки прекрасно уреден ресторан со хотел и голема тераса со поглед на езерото, домаќинлак на невообичаено љубезните Коста и Вера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се фати со двете раце за кусачката, па и неа ја принамести на ставата, размрдувајќи ги рамената по што, сметајќи се за спастрена и уредна, ја спушти левата рака на скутот и ја преклопи одозгора со дланката од десната рака.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Повеќе