учено (прил.)
Таја таму има учено и соработувано со некои од нејзините учители и колеги.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Катето го разбра разговорот, но од дома беше учено: „виде — не видов; чу — не чув", ништо да не кажува, па ни пред бегот да се испушта дека разбрало што зборува тој и што прави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас седнував покрај неа, таа ќе ми дадеше варен компир или парче леб со путер и, додека работеше, додека џвакав, чекав брат ми да дојде во кујната – знаев дека веќе е буден и ги повторува лекциите што ги имаше учено претходниот ден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- А, газот му, мајчин... - викна Јани. - Некој кератаја, го составил писмото... Како многу учено ми изгледа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Учениот глаголи по учено- велеше Петре Даскалот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)