фамилијарен прид.

фамилијарен (прид.)

До каде најдалеку наназад вие можете да ја следите својата фамилијарна лоза?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Личното име му било Баица, но фамилијарното не е познато.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Книжевната теорија овој поим го презела од нордиската јазична и културна традиција, каде што со него се означуваат нештата кои изворно опстојуваат во различните преданија, фамилијарни или национални, а се чуваат така што постојано се кажуваат односно раскажуваат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На многу места, во сите книги од Твојата фамилијарна сага, Ти одново и одново пишуваш за таквата благородна и лековита тишина во која Твоите родители живееле цел живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во нив, фамилијарното и техно- туѓото е фразирано, лиризирано во гестуалното ткиво на субјектот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Покрај тоа, бидејќи зборовите/ поимите автоматски ги носат со себе нивните опозити,- кои, делумно, делуваат како некој вид автоматски ограничувачи на значење - да го погледнеме парот „разговор/не-разговор“ Разговор: - општествен однос; зборување заедно, неофицијален или фамилијарен говор; вербална размена на идеи или информации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Колку што гледам, ти си имаш обележано за тебе гроб горе на повисоконо, кај фамилијарните гробишта“. „Да“, му велам јас, „имам обележано“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Присутните се однесуваа сосема нормално, дури и понормално од нашите викенд- фамилијарни седенки, сите удрија на гозбата, која по нашиот христијански обичај можеше да ги нахрани гладните во Африка.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
По раѓањето на мојот најстар брат Манас во 1874-та, фамилијарното презиме Буколовци престанало да живее за живуштите членови во Куманово и продолжило како Прокопиеви.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Фиксиран во твоите книги, тој свет не е само оска околу која се сложуваат и се развиваат Твоите фамилијарни приказни (целава Твоја сага што продолжува), туку е оска за самото твое пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)